Воен термин - категорија

разбие повеќе

разбијат
Вид збор: Глагол, свршен
Нанесе пораз, победи; одржи предност во некоја игра, натпревар.
Англиски: defeat Албански: mund
Примери:
Таму го разбија непријателот.

разбрано повеќе

Вид збор: Прилог
Обично како одговор на прашање, наредба и сл.
Англиски: yes, Sir
Примери:
Разбрано, господине генерал!

развие повеќе

развијат
Вид збор: Глагол, свршен
распореди
Англиски: arrange Албански: shpërndaj
Примери:
Ја разви четата во шумичката.
Направи нешто да израсне, да закрепне.
Англиски: strengthen Албански: zhvilloj
Примери:
Со гимнастика ќе го развие телото.

разводник повеќе

мн. разводници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што разведува стражи.
Англиски: lance corporal Албански: shpërndarës
Примери:
Требаше да се јавам кај разводникот на стражата.

разорувач повеќе

мн. разорувачи
Вид збор: Именка, машки род
Брз воен брод од средна големина, се користи како заштита на морски конвои.
Англиски: destroyer Албански: anije shkatërruese

разоружување повеќе

разоружувањето
Вид збор: Именка, среден род
(се) разоружува
Англиски: disarmament
Примери:
Борба за полно разоружување.

разузнава повеќе

Види и: разузнае (св.)
разузнаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Собире податоци за положбата, силите, тајните на непријателот.
Англиски: reconnoiter Албански: kundërzbuloj
Примери:
Тој мораше постојано да разузнава што готви непријателот.

разузнавач повеќе

мн. разузнавачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи на разузнавање.
Англиски: reconnoiter Албански: informator, spiun
Примери:
Разузнавачите доставија податоци.
брод за разузнавање
Англиски: reconnaissance ship Албански: anije kundërzbulimi

разузнае повеќе

разузнаат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере податоци за положбата, силите, тајните на непријателот.
Англиски: reconnoiter Албански: kundërzbulon, spiunon
Примери:
Го пратија него да разузнае што станува таму.

разурнувач повеќе

мн. разурнувачи
Вид збор: Именка, машки род
Вид воен брод.
Англиски: destroyer Албански: shklatrrues

ракета повеќе

мн. ракети
Вид збор: Именка, женски род
Експлозивно тело со разорна моќ.
Англиски: rocket Албански: raketë
Примери:
интерконтинентална ракета

ракетен повеќе

ракетни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ракета.
Примери:
Ракетно оружје.

ракетира повеќе

ракетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши напад, гаѓа со ракети.
Примери:
Во утринските часови го ракетираа градот.

ракетоносач повеќе

мн. ракетоносачи
Вид збор: Именка, машки род
Брод или пловен објект што е носач на ракети.
Англиски: missile-carrier

рапорт повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Службен извештај.
Англиски: report Албански: raport
Примери:
Јави се на рапорт.

рапортирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Поднесување службен извештај.
Англиски: reporting

рафал повеќе

мн. рафали
Вид збор: Именка, машки род
Брз, зачестен оган од огнено оружје.
Англиски: burst

рафален повеќе

рафалниот
Вид збор: Придавка
Што се прави во рафал.
Примери:
рафална стрелба

ревија повеќе

мн. ревии
Вид збор: Именка, женски род
Смотра на војска.
Англиски: inspection Албански: inspektim
Примери:
Ревија на воздухопловните сили.

револвер повеќе

мн. револвери
Вид збор: Именка, машки род
Огнострелно оружје.
Англиски: revolver

регрут повеќе

мн. регрути
Вид збор: Именка, машки род
Војник во првите месеци на службата.
Англиски: recruit Албански: rekrut

регрутација повеќе

регрутацијата
Вид збор: Именка, женски род
Пополнување на воените единици со нови војници.
Англиски: recruitment Албански: rekrutim

регрутен повеќе

регрутна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на регрут.
Примери:
Регрутна комисија.

регрутира повеќе

регрутираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Земе, зема регрути.
Англиски: recruit Албански: rekrutoj
Примери:
Ќе ги регрутираат сите родени во 1970 година.

регрутски повеќе

регрутскиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на регрут.
Примери:
регрутски живот

регуларен повеќе

регуларни
Вид збор: Придавка
редовен, стандарден
Англиски: regular
Примери:
Регуларна армија, регуларна војска, регуларни трупи.

реденик повеќе

мн. реденици
Вид збор: Именка, машки род
Појас за држење куршуми.
Англиски: bandelier, cartridge belt

редиф повеќе

мн. редифи
Вид збор: Именка, машки род
Војник резервист.
Англиски: reservist

редов повеќе

мн. редови
Вид збор: Именка, машки род
прост војник, без чин
Англиски: private
Примери:
редов на музичката капела

резерва повеќе

мн. резерви
Вид збор: Именка, женски род
Состав на воени обврзници што се повикуваат во армијата во случај на потреба.
Англиски: reserve Албански: rezervë
Примери:
Целата класа беше префрлена во резерва.

резервен повеќе

резервни
Вид збор: Придавка
Кој се наоѓа во резерва.
Англиски: reserve
Примери:
Резервна воена единица.

резервист повеќе

мн. резервисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што спаѓа во резерва.
Англиски: reservist

рекогносцира повеќе

рекогносцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Извиди, извидува месност.
Англиски: reconnoiter Албански: njoh terrenin, inspektoj

релација повеќе

мн. релации
Вид збор: Именка, женски род
Писмено известување, опис на воени дејства (подвизи, успеси).
Англиски: relation Албански: relacion

ренџер повеќе

мн. ренџери
Вид збор: Именка, машки род
Војник со специјална обука.
Англиски: ranger

репетира повеќе

репетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Става куршум во цевка пред да пука.
Англиски: reload Албански: repetoj
Примери:
Беше преслаб за да ја репетира пушката.

рикоше повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Одбивање на телото во движење од површина.
Англиски: rebound Француски: ricochet
Примери:
рикоше на куршум

рикошетира повеќе

рикошетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се одбива еднаш или повеќе пати од површина.
Англиски: rebound Француски: ricoche
Примери:
Никогаш не пукај врз мазна и црврста површина, куршумот може да рикошетира!

ров повеќе

мн. ровови
Вид збор: Именка, машки род
Длабок и тесен ископ во земјата.
Англиски: trench
Примери:
Копаат ровови за противавионска заштита.

рововски повеќе

Види и: ров (м.)
рововска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на ров, што се одвива во ров.
Англиски: trench
Примери:
рововска војна

рог повеќе

мн. рогови
Вид збор: Именка, машки род
Рог за барут.
Албански: bri

рота повеќе

мн. роти
Вид збор: Именка, женски род
чета
Англиски: horde Германски: Rotte
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш